Решете се од пролетната алергија со оваа напивка!
Оние кои ги мачи пролетната алергија добро ги знаат нејзините симптоми – нервоза, затнати синуси, чувствителни и насолзени очи…Секако, симптомите се кај секого различни, но поголем број на луѓе истакнуваат дека чувствуваат хроничен замор.
Пролетната алергија може да го наруши квалитетот на животот и да го отежне извршувањето на секојдневните обврки. За среќа, постојат различни начини за соочувањето и спречувањето на алергијата, а доколку го преферирате природниот начин, пробајте ја оваа вкусна напивка која ќе ги ублажи симптомите.
За да ја подготвите напивката потребно е:
- 1 морков
- 2 портокала
- половина краставица
- неколку листови нане
- 20 гр свеж корен од ѓумбир
Измијте ги убаво сите состојки, исечкајте ги и ставете ги во блендер. Уживајте во оваа вкусна напивка пред секој оброк.