Разводот е честа појава кога еден од партнерите е танчер, медицинска сестра или спортист

226

Танчерите, кореографите, бармените и кинезитерапевтите, имаат дури 40 отсто шанси да се разведат од брачниот партнер, со образложение дека работата им го уништува семејното гнездо. Во истражувањето на агенцијата „Рилејшен и перформанс“, не се сите професии застапени и тоа токму оние во кои разводите се честа појава, а во кои влегува и професијата на политичар, директор или на новинар.

Болничарите и медицинските техничари, уметниците и спортистите имаат 30 отсто шанси бракот да им се распадне.

Во студијата се наведува дека бројот на работните часови, прекувременото работење и работењето во текот на викендот немаат големо влијание на разводот на бракот.
Авторите на студијата анализирале разведени или разделени двојки во 449 различни професии.

Директорот на агенцијата додава дека професиите во кои состаноците и запознавањето нови луѓе се чести се најризични за распад на бракот.

– Не е чудно што инженерите најмалку се разведуваат, бидејќи се работи за рационални личности, кои, пред сè, бараат стабилност како во професионалниот така и во личниот живот, стои во заклучокот на истражувањето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.