Разведените и вдовците можат да страдаат од несоница

Многумина го занемаруваат спиењето во забрзаното темпо на секојдневието, но „влогот“ во сонот всушност е една од најважните животни инвестиции, зашто само така еден човек може вистински да придонесува, како во својата работа, така и во личниот живот.

Добриот одмор е еден од основните услови за добар, квалитетен живот, пишува бугарски „Блиц“.  Еве неколку занимливи факти за сонот:

Човекот е единствениот цицач, кој намерно или по потреба може да си го менува режимот на спиење.

Луѓето кои не спијат доволно, имаат зголемен апетит, поради намаленото ниво на хормонот лептин, којшто го регулира тоа.

Општо земено, редовните дневни активности го олеснуваат заспивањето и овозможуваат здрав сон. Но, спортувачка активност која се случила непосредно пред легнувањето, може лошо да се одрази.

Кај разведените, вдовците и оние кои штотуку се разделиле со момчето / девојката, може да се случи да страдаат од несоница.

Одењето в сон е нормална појава во детството.

Кофеинот е најпопуларната дрога во светот. Луѓето ја консумираат како кафе, во какао, чај, чоколадо, енергетски газирани напитоци, како и во лекови за будност и побрзо расонување.

Новороденчињата спијат помеѓу 14 и 17 часа во едно деноноќие, со периоди од по еден до три часа кога се будни.

На повеќето возрасни им се потребни од 7 до 9 часа спиење во една ноќ. На некои пак, им се доволни само шест часа, а на други и 10 часа им се малку, пред да „го зграпчат денот“.

Во принцип, чувствуваме потреба за дремка во два одредени периоди од денот – околу 14 часот, и околу 2 по полноќ.

Според меѓународното класифицирање на нарушувањата на сонот, луѓето коишто работат во повеќе смени, се поизложени на ризик на хронични болести, како што се оние поврзани со крвните садови или пак, со системот за варење. Човечкиот организам никогаш не може целосно да се адаптира кон работата во смени.

Науката се уште не знае со сигурност дали животните исто така имаат соништа како и ние луѓето.

Гуските и делфините можат да спијат одморајќи ја едната па другата половина од својот мозок наизменично.

Воздржувањето од сон Ве прави почувствителни кон нештата кои Ви се погодни, но помалку чувствителни кон потенцијалните негативни последици од Вашите дејствија. Ете зошто луѓето коишто не се наспале, се склони да преземат ризични одлуки.

Сонот ни помага да „ги врежеме“ во меморијата информациите кои сме ги собрале преку денот.

Соништата што вклучуваат обични секојдневни ситуации и каде гледаме наши познати лица, се почести од оние необичните еротски, фантастични и научнофантастични, кои реално, се многу ретки.

Човекот минува околу една третина од својот живот во спиење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.