Расте бројот на ковид позитивни кои починале во домашни услови

37

Зошто голем број заболени со Ковид-19 умираат во домашни услови? – Несоодветен третман, воопшто не побарале лекарска помош или пак има пропусти во здравствениот систем. Сител ги анализираше извештаите од МЗ од 10 до 17ти овој месец каде од 58 евидентирани смртни случаи, дури 19 или 33 проценти од неделниот број не стигнале во болница и починале дома.

Дел од здравствените институции не можеа да ни дадат одговор на што се должи овој негативен тренд. Од Комисијата за заразни болести која на секој состанок расправа за епидемиолошката состојба, најавија дека во среда ова прашање ќе биде ставено на дневен ред.

-Комисијата секако ќе побара податоци од релевантни инситутции и ќе расправаме за тоа на следниот состанок. Доколку се утврди дека има проблем во комуникацијата со граѓаните на начинот како им се претставува болеста, секако ќе мора да се промени стратегијата за да бидат информирани дека станува збор за сериозна болест која може да доведе до тешка клиничка слика па и смртен исход, изјави Д-р. Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.

Од почетокот на пандемијата досега битката со Ковид 19 ја изгубија повеќе од 9100 граѓани. 8 проценти од нив или 738 не стигнале до болница.

И додека надлежните прават анализи за високата смртност во земјата најавија и силен фокус на имунизацијата. Од понеделник почнуваат со караван за вакцинација со кој ќе бидат опфатени 14 локални заедници. На секое од овие места, согласно распоредот, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат а оние кои примиле вакцина во странство ќе имаат можност да се евидентираат во системот „МојТермин“.

 

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.