Расолницата го зајакнува имунитетот и ги топи килограмите

Солената вода во која отстојува зелката, позната како расолница е неверојатна течност која поради богатството на витамини го чува нашето здравје.

Го зајакнува имунитетот

Богатa е со витамини Ц и Б, калциум, магнезиум, железо и цинк, а особено се препорачува за време на есенските и зимски денови. Зимските месеци се придружени од вируси и грипови кои доведуваат до здравствени проблеми, а оваа течност ги „брка“ бактериите и го зајакнува имунитетот.

Го подобрува варењето на храната

Во расолта настануваат добри бактерии кои овозможуваат рамнотежа во цревната флора за време на ферментацијата и ја одржуваат здрава. Чаша расол навистина ќе го регулира вашиот дигестивен систем.

Ги топи килограмите

Станува збор за нискокалорична намирница која содржи многу растителни влакна и витамини. Делува како пробиотик и е одличен додаток во исхраната за диети.

Брзо заситува, може да замени еден меѓуоброк и да ги отстрани нездравите масни наслаги.

Лек против мамурлак

Оваа здрава течност може да ги спречи симптомите на мамурлак по консумирање на премногу алкохол. Чаша расол брзо ќе ги надополни изгубените електролити и ќе ви помогне да го хидрирате вашиот организам.

Ги зајакнува коските

Содржи витамин К2, кој игра важна улога во здравјето на нашите коски. Активира протеини кои помагаат во апсорпцијата на калциум, основниот минерал што ги храни коските.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.