Расолнита е полна витамини и лечи многу болести

Освен за мамурлак, помага и при...

Расолницата е исклучително здрава, полна витамини и помага за многу болести. Таа има витамини Б, Ц, Е и К во својот состав, па затоа е добра за имунитет, за цревата, за висок притисок, за реума, астма и чир на желудник. Има и многу витамин Б12, а полна е и со магнезиум, цинк, калциум и сулфур. Расолницата го содржи и реткиот витамин У кој помага во лекувањето на чир, како надворешен на кожата, така и внатрешен на желудникот и на дванаесетпалeчното црево.

Расолницата се препорачува да ја пиете секојдневно во текот на зимата. Освен што можете да ја испиете во чаша, може да ја додавате и во супи или во јадења од зелка.

Според старите верувања расолницата е најдобриот лек против мамурлак.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.