Рани симптоми на рак кои многумина ги игнорираат!

Порталот „Bright side“ состави листа од неколку симптоми кои можат да укажат на рак, со препорака дека треба да се сфатат сериозно.

Меѓутоа, ако ги забележите кај себе или кај вашите најблиски, не брзајте со донесување на заклучоци, бидејќи тие можат да бидат знак и за други болести.

За да ги отстраните сомнежите, консултирајте се со доктор.

1. Неоплазми на кожата

Оваа појава може да биде знак за рак на кожата или дојката. Останатите симптоми вклучуваат:

– Иритација или алергија од непознато потекло која не е поврзана со храна или козметика

– Раст на младеж, промена на неговиот облик, величина или боја

2. Долготрајна кашлица

Долготрајната кашлица е еден од симптомите за рак на белите дробови, кои најчесто се поврзуваат со други симптоми како:

– Намален апетит

– Неочекувано губење на многу килограми

– Во подоцна фаза, искашлувањето е проследено со крв во секретот

3. Постојана потреба за чешање на кожата

Во поголемиот дел од случаите, чешањето не кожата не е поврзано со тумори, но од клиничко искуство тие сепак се доведуваат во врска, па затоа треба и тоа да се земе во предвид.

4. Промени во функциите на системот за варење

Малигна болест на цревата и желудникот може да биде предизвикана од следните симптоми:

– Крв во столица

– Подуеност и мачнина после оброк

– Спонтано празнење на цревата

– Голема болка во абдоменот

5. Промени при мокрење

Ова може да биде знак за малигно заболување на бубрезите, кое се поврзува со други симптоми:

– Крв во урина

– Зголемен крвен притисок

– Болка во бубрезите

– Хронична слабост и замор

6. Неочекувано губење на тежина

Овој симптом најчесто се појавува при рак на желудникот, а е проследен со други симптоми како:

– Одбивност кон месо

– Прерано заситување (чувство дека сте прејадени, иако количински не сте јаделе многу)

– Гасови и подуеност при поминувањето на храната преку дигестивниот тракт

7. Постојани болки во грлото

Долготрајната болка во грлото може да биде симптом за рак кој се поврзува со:

– Тешкотии при голтање и дишење

– Промени во бојата на гласот

– Губење на гласот

– Искашлување на крв

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.