Ракот кај децата најчесто се јавува од една причина

Родителите не смеат да ја прават оваа грешка

Според најновите научни истражувања потврдено е дека ако детето не е изложено на одредени микроби до првата година од животот имунитетот нема добро да се развива и нема да знае како да се носи со инфекции, пишува порталот Гламур.мк.

Научниците по повеќе од 30 години истражување дојдоа до заклучок дека акутната лимфобластична леукемија (Acute Lymphoblastic Leukaemia – ALL), болест која најчесто ги напаѓа децата, може да се спречи на еден многу едноставен начин.

Според нив претераната чистота може негативно да се одрази и да донесе до појава на оваа болест. Во просек едно од 20 деца има генетска предиспозиција за оваа болест, но ако детскиот имунитет се развие како што треба, детето ќе остане здраво.

Според најновите научни истражувања потврдено е дека ако детето не е изложено на одредени микроби до првата година од животот имунитетот нема добро да се развива и нема да знае како да се носи со инфекции.

Токму затоа ова е и една од причините поради која претераната чистота е поврзана со разни болести и алергии.

Родителите денес се обидуваат своите деца да ги држат во совршена чистота, но не сфаќаат дека децата треба да дојдат во контакт со одредени бактерии додека растат бидејќи на тој начин го засилуваат имунитетот. Важно е децата да бидат во контакт со други деца, да се играат во земја и природа, да бидат во контакт со животни. Интересно е што во помалку развиените земји каде децата се повеќе изложени на микроорганизми нема појава на болестите поврзани со слаб имунитет.

Коментари

коментари