Работното време пред 9 часот наутро исцрпува!
Присилување на работниците да работат од девет до 17 часот е исцрпувачки и стресно, резултира со недостаток на сон, тврди доктор Пол Кели кој го водел истражувањето.
– Не може да го промениме нашиот 24-часовен биоритам. Не може да се научите да се будите во одредено време. Вашето тело е хармонизирано според сонцето, а Вие не сте свесни за тоа бидејќи за тоа известува хипоталамусот, а не видот. Ова се однесува на затвори и на болници, бидејќи луѓето таму ги будат рано и им даваат храна која не ја сакаат. Лишување од сон е мачење – вели Кели.
Општеството мора да го смени почетокот на работното време на работа и во училишта, за да се усклади со биоритмот на луѓето. Фирмите кои ги присилуваат своите работници да работат рано, го нарушуваат нивниот биоритам и со тоа настануваат здравствени проблеми кај вработените.
– Работното време треба да биде од 10 часот, а од девет дури откако ќе наполните 55 години. Вашиот црн дроб и срце имаат различни ритми, а вие ги присилувате да ги менуваат. Тоа е меѓународен проблем. Сите патат, а не мораат – изјави Кели.
Недостаток на сон влијае на памтењето, поттикнува користење дрога и алкохол, поттикнува анксиозност, фрустрација, импулсивно однесување, дебелеење, висок крвен притисок, стрес…
– Децата треба да доаѓаат на училиште околу 11 часот за да бидат наспиени и опуштени – додава тој.