Проверете зошто ова растение е чудесно, моќно и здраво

 

Горчливото ароматично растение многу успешно се користи против воспаление на грлото и крајниците, благодарение на антисептичното делување на есенцијалното масло.

Чајот од жалфија им се препорачува на сите кои имаат проблеми со болести на непцата и афти, како и на оние кои патат од гинигивитис. Додека не биле откриени антибиотиците, чајот од жалфија се користел при воспаление на грлото, засипнатост, воспаление на внатрешните органи, при габични инфекции и друго. Во медицинска смисла, жалфијата е антибиотик со широк спектар.

Некои фитотерапевти не го препорачуваат чајот од жалфија за пиење, туку само за миење, а ако е наменет за внатрешна употреба, жалфијата треба да се свари за да испари есенцијалното масло.

Името жалфија на латински Salvia потекнува од зборот salvare, што значи да се спаси, да се излекува. Влијае и на процесите на варење и излачување на жолчката. Доилките кои сакаат да престанат со доењето, ја користат секојдневно за да го запрат млекото. Жалфијата се применува и за релаксација, нервоза, напнатост и вртоглавица. Жалфијата е и состојка во креми против различни инфекции на кожата и шампони против првут.

Како делува

Жалфијата делува како антисептик, па се применува за гаргара, плакнење на грлото при негово воспаление, при афти. Исто така, делува и антимикробно и спазмолитично (ги опушта мазните мускули). Го намалува лачењето на пот и плунка, а го регулира и потењето. Благодарение на својството да го спречува развојот на вируси, се применува и во масти против херпес. Се користи и за инхалација кај астма, бронхитис, но и при инфекција на дишните патишта. Пред употребата треба да се посоветувате со лекар.

За внатрешна употреба, една лажица чај од жалфија се прелева со чаша вода и се вари 3 до 5 минути, а за надворешна употреба (плакнење) не се вари, туку се прелева со зовриена вода, се покрива и се остава да отстои половина час, а потоа се процедува и се плакне неколку пати дневно.

За што се користи чајот од жалфија:

» За зајакнување на имунитетот и организмот
» Како природен антибиотик против разни бактерии
» При габични инфекции
» При воспаление на усната шуплина и грлото
» За лекување на засипнатост
» За лекување на стомачни грчеви
» При отежнато празнење на жолчното ќесе
» Го подобрува варењето
» Ја подобрува крвната слика
» Го зголемува апетитот
» Ја намалува нервозата и напнатоста
» Ги чисти забите и ги зајакнува непцата

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.