Проверете дали имате недостаток на витамини
Еве пет необични знаци на предупредување дека ви недостигаат витамини:
Пукнатини на аглите од усните
● Ви недсотигаат: железо, цинк, витамини од Б групата, како што се нијацин (Б3), рибофлавин (Б2) и Б12.
● Решение: Јадете повеќе пилешко и мисиркино месо, туна, јајца, блитва, кикирики и мешункасти плодови. Витаминот Ц ја подобрува асорпцијата на железо, па наведените намирници комбинирајте ги со брокула, кељ, карфиол или пиперки.
Црвена иритација на лицето, лупење на кожата и опаѓање на косата
● Ви недостига: биотин, познат како витамин за косата.
● Решение: потребно е да јадете тврдо варени или пржени јајца, лосос, авокадо, печурки, карфиол, соја, јаткасти плодови, малини и банани.
Црвени или бели израстоци кои личат на акни
● Ви недостигаат: есенцијални масни киселини и витамини А и Д.
● Решение: Зголемете го внесот на здрави масти. Консумирајте повеќе јаткасти плодови, како што се бадеми, ореви и семки. За да го зголемите внесот на витаминот А, јадете повеќе зелен зеленчук, моркови и пиперки. Што се однесува на витаминот Д, внесувајте повеќе млечни производи или користете додатоци во исхраната кои го содржат овој витамин.
Пецкање и кочење на рацете, стопалата или други делови
● Ви недостигаат: Витамини од Б групата, како што се фолна киселина (Б9), Б6 и Б12.
● Решение: Во овие случаи можат да ви помогнат: спанаќ, шпаргли, цвекло, грав и јајца.
Грчеви во мускулите во облик на болки
● Ви недостигаат: Магнезиум, калциум и калиум
● Решение: Јадете повеќе банани, бадеми, лешници, јаболки, грејпфрут, брокула, ќељ и спанаќ.