Против сезонски грип вакцинирани повеќе од 61.000 граѓани
Министерството за здравство информира дека од ноември лани до сега над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип.
Со бесплатна вакцинација против ова заболување се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.
„Вакцинацијата заштитува и претставува најдобра превентивна мерка што спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Вакцините делуваат, имаат докажана имуногеност и добра ефикасност“, вели министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.
Потсетуваме дека заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на официјалната веб-страница: https://vakcinacija.mk, a потоа преку смс порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.
Воедно, во центрите за јавно здравје низ државата се врши имунизација против сезонски грип со комерцијалните вакцини.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.