Пробајте, рузмаринот го подобрува помнењето

137

Научници тврдат дека мирисот на рузмарин го подобрува помнењето.

Според резултатите од истражувањата, учениците и студентите кои работеле во просторија со мирис на етерично масло од рузмарин постигнале за пет до седум проценти подобри резултати на тестовите за меморија, изјави Марк Мос од Унверзитетот Нортамбрија.

Мирисот на рузмарин со векови се поврзува со добрата меморија, пишува BBC, а Мос изјави дека тоа сега е научно потврдено, додавајќи дека учениците во Стара Грција носеле венци од рузмарин на тестовите.

Истражувањето ќе биде претставено оваа недела на годишната конференција на британското друштво за психолози.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.