Пробајте ги овие маски за лице, нема да зажалите!

195

Маските од желатин ја хранат кожата, ги намалуваат трагите на замор и го враќаат сјајот на лицето, затоа задолжително пробајте ги. Желатинот е всушност колаген, па освен што ја затегнува кожата, тој и длабински ја чисти. Од него можете сами да правите маски, како и тоник.

Маска против брчки
Лажица желатин помешајте ја со три лажици ладна вода и загревајте го постепено додека не се стопи. Оладете ја смесата до собна температура и додајде лажица кефир или павлака и лажица мелени зобни снегулки. Сите состоји добро измешајте ги и седнете, нанесете слој на лицето и по 20 минути измијте го со топла вода.

Длабинска нега на лицето и вратот
Помешајте желатин со три лажици ладна вода и загревајте на ниска температура околу 30 минути, да се раствори. Додајте лажица масло од алое вера и оставете ја смесата во фрижидер да се олади. Маската редовно ставајте ја на лицето и вратот, држете ја 20 минути, па измијте ја со млака вода.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.