Презервативите од Кина премали за мажите од Зимбабве!
Министерот за здравство на Зимбабве Давид Парирењатва наводно се пожалил дека презервативите направени во Кина се премали за неговите граѓани.
Парирењатва, кој зборуваше на конференција за ХИВ во Хараре минатата недела, се осврна на кондомите што ги произведува Кина.
– Јужноафриканскиот регион има најголема стапка на заразени од ХИВ и ние сме силно посветени на промоција за заштита. Младите знаат кои кондоми најмногу ги сакаат, но ние тие не ги произведуваме, ги увезуваме од Кина. Многу мажи се жалат дека им се премали, истакна Парирењатва.
Тој вети дека во иднина ќе се фокусира на тоа дека за пазарот во Зимбабве ќе обезбеди презервативи кои одговараат на величината на половиот орган на мажите во таа земја.
Зао Чуан, извршен директор на компанијата „Beijing Daxiang and His Friends“, која произведува кондоми, изјави дека фабриката би можела да почне да произведува поголеми презервативи.
– Поради различни барања на корисниците, како што се мажите во Зимбабве, имаме обврска да го подобриме производот. Ги правиме првите подготовки за неопходните истражувања, нагласи Чуан.
Според резултатите од последната анкета во 2015 година, величината на машкиот полов орган во Зимбабве изнесува 15,4 сантиметри, додека кај просечен Кинез е 10 сантиметри.