ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ: Природни лекови за сува кашлица

Одлично е за пушачи

Доколку ве измачува сува кашлица која никако не престанува, обидете се да се ослободите од неа со помош на некои од народните лекови што ви ги предлагаме.

 Народни лекови

1.Изматете една жолчка од јајце со две лажици шеќер. Изедете го ова секогаш кога ќе почувствувате дразнење на грлото.

2.Измешајте една супена лажица мед со прстофат мелен цимет. Земајте пред спиење, три вечери по ред.

3. Лек за сите видови кашлица: измешајте 1,5 шолјичка мед, пола шолјичка маслиново масло и 4 исцедени лимони. Ставете на оган додека да зоврие па тргнете го и оставете да се излади. Се чува во фрижидер, а се консумира повеќе пати на ден по малку.
4.Чај од ловоров лист за кашлица:

Потребни состојки-

700 мл вода

3 големи лажици шеќер

4 поголеми ловорови листови.

Подготвување:

Варете поклопено половина час, а на крај додадете лимон исечкан на коцки. Пијте го кога ќе се излади. Можете да пиете колку што сакате, во неограничени количини.

5. И уште еден лек кој е најпрепорачлив за пушачите:

1 литар вода,

1 портокал исечкан на коцки,

1 лимон,

еден грст кора од бамја,

10 суви смокви,

1 пакување бел слез,

1 кг шеќер.

 

Сите состојки заедно варете ги додека да испари половина од течноста. Секое утро земајте по една супена лажица на гладно. Ова е добар лек за сите видови кашлици и одлично е за пушачи.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.