Прескокнувањето на појадокот го зголемува ризикот од срцев удар!

163

Луѓето кои го прескокнуваат појадокот се повеќе изложени на ризик од срцев удар или умираат од некои срцеви заболувања. Ова го покажале последните објавени американски истражувања.

Во едно истражување на Универзитетот Харвард од 1992 година до 2008 година учествувале речиси 27.000 лица на возраст помеѓу 45 и 82 години. Резултатите покажале дека оние кои не појадуваат имаат за 27 проценти поголеми шанси да добијат срцев удар или некое друго срцево заболување.

Појадокот обично го прескокнуваат помладите луѓе. Меѓу нив се лица со полно работно време, живеат сами, пушачи се и пијат алкохол и не се занимаваат со спорт.

– Прескокнувањето на појадокот го зголемува ризикот од прекумерна тежина, висок крвен притисок, холестерол и дијабетес, кој на крајот може да доведе до срцев удар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.