Препораки на Националниот комитет за имунизација

Стручните препораки во однос на имунизација против Ковид-19 се дефинираат водејќи се од потврдени и прифатени податоци и докази кои потекнуваат од здравствените организации одговорни за следење на инфективните болести како Европскиот и Американскиот Центар за инфективни заболувања (CDC и ECDC), од регураторните медициски агенции ЕМА и ФДА и од СЗО, соопшти Министерството за здравство.

Препораките од сите овиe организации е дека за комплетна имунизација против Ковид-19 потребно е добивање на две дози (со исклучок на вакцината на Ј&J која се прима само во една доза) во дефиниран интервал, 14 дена по примање на втората доза. Во однос на типот на вакцините, потребно е имунизација да се изведе со вакцина од ист прозводител, освен доколку не постои здравствена контраиндикација за истото.

– Прележувањето на Ковид-19 не преставува пречка за вакцинација и лицата кои ја имаат прележано болеста треба да се вакцинираат. Имунитетот кој се создава по прележување на болеста како и самиот тек на болеста е индивидуален и може да биде комплетно асимтоматски со постигнување на послаб имунитет, до тешки облици и компликации од болеста и состојби на т.н пролонгиран КОВИД, наведуваат од МЗ.

Една од препораките е и дека временскиот период од прележување на болеста до вакцинација е најмалку месец дена. Одредување на нивото на антитела не се препорачува и нема влијание врз вакцинацијата.
Кај лицата кај кои во тек на лекувањето дадена е терапија со моноклонални антитела или конвалесцентна плазма, вакцинацијата може најрано да биде по три месеци од терапијата и комплетно оздравени од болета.

Кај лицата кои во периодот меѓу примање на двете дози од вакцината против КОВИД19 се потврди дека се позитивни, втората доза на вакцината се одложува до период кога лицето ќе биде комплетно оздравено од болеста.

– Одредени научни истражувања кои се уште се лимитирани упатуваат дека кај прележаните лица со Ковид-19 можно е да е потребна само една доза на вакцина. Сепак, бидејќи нема точни податоци колкава заштита обезбедува само една доза на вакцина, овој став не е прифатен од релевантните здравствени регулаторни тела, се вели во соопштението.

Лицата кои се комплетно имунизирани (со две дози од вакцината против Ковид-19, по поминати 14 дена од втората доза) мали се шансите при контакт на вирусот да се инфицираат и да бидат позитивни, но тие се со полесни симптоми на болеста. Вакцината обезбедува заштита од развој на тешки облици на болеста и смртност. Податоците покажуваат дека кај лицата кои се вакцинирани доколку се развијат симптоми, болеста минува многу поедноставно и без тешка клиничка слика.

– Епидемиолошките податоци на светско ниво покажуваат дека болеста се шири и доаѓа до заболување на лицата кои не се вакцинирани, а во овој бран доминантно тоа се младите лица како популација, кај кои процентот на вакцинација е најнизок, стои во соопштението.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.