Прашања за забременувањето кои се срамите да му ги поставите на гинекологот

Најчестите прашања за забременувањето

Експертот за плодност Зита Вест дава одговори на прашањата за забременувањето кои можеби ви е незгодно да му ги поставите на вашиот гинеколог.

Најчестите прашања за забременувањето:

Дали жената треба да доживее оргазам за да зачне?

Не, воопшто. 50% до 80% од жените имаат проблем да доживеат оргазам, но сепак многу жени забременуваат. Единствено оргазмот малку помага мускулите правилно да ја насочат спермата кон јајце клетката.

Дали оралниот секс ги подобрува шансите за забременување?Не, важно е да го избегнуваат оралниот секс за време и околу овулацијата.

Плунката содржи ензими и други состојки кои може да ја оштетат спермата и да го попречат нејзиното патување до јајце клетката.

 

Колку често треба да имам секс за да имам добри шанси за забременување?

3 до 4 пати неделно е совршено за време и околу овулацијата за да бидете добро снабдени со спрема за време на плодните денови. Помалку фокусирајте се кога се ослободува јајце клетката, а повеќе на тоа колку сперма е на располагање.

Спермата во вас живее 3 до 5 дена, па редовниот секс ве осигурува дека го користите максималниот потенцијал на располагање.

Која е најдобрата секс поза за забременување?

Вистината е дека нема врска која е позата. Секоја поза што прави да сте релаксирани, да уживате и ви е удобна е добра.

Дали може да претерате со секс при обидите за забременување?

Кога се обидувате да добиете бебе, не постои такво нешто како премногу секс. Многу жени мислат дека со претераното имање секс ќе го намалат квалитетот на спермата, но вистината е спротивна.

Ако мажот ја собира долго спермата, таа ќе излезе во голема количина, но поголемиот дел од неа ќе биде мртва. Плус, сексот ослободува многу хормони за плодност и кај мажите и кај жените. Па, така колку повеќе секс, толку подобро.

ко да сопрам течноста да излезе од вагината по сексот?

Не можете, дел од содржината ќе истече и тоа е нормално. Но, не паничете тоа не значи дека спермата нема да дојде до јајце клетката.

Сперматозоидите се добри пливачи и ќе стигнат таму каде што треба многу брзо по ејакулацијата. Секогаш дел од послабата сперма ќе остане во вагината и ќе истече 10-15 минути по сексот, без разлика која поза ќе ја фати жената.

Сепак, можете 20 минути по секс да лежите во хоризонтала и да не се миете веднаш.

Дали е потребна страст за да се зачне?

Кај мажите тестостеронот се произведува наутро и докажано е дека спермата е поздрава кога има присутно повеќе тестостерон, па имањето секс наутро ги подобрува вашите шанси.

Коментари

коментари