Практикувајте го ова и ќе имате здраво срце!

Листа од седум правила кои треба да ги практикувате за да имате здраво срце.

Намалете ја телесната тежина

Иако тоа понекогаш е многу тешко да се постигне, обидете се од секојдневната употреба да ги исфрлите нездравите масти и јаглехидрати. Овие две намирници создаваат вишок сало на речиси сите делови од телото, со што се нарушува физичкиот изглед на личноста, но најлошо е тоа што дебелината може да предизвика болести на срцето.

Здрава диета

Пробајте да јадете повеќе овошје и зеленчук, како и житарици. Обидете се да внесувате здрави масти и протеини, а максимално избегнувајте да јадете  рафинирани шеќери, газирани пијалаци и алкохол, храна богата со холестерол, но и сол.

Дневни оброци

Обидете се на вашата чинија за секој оброк да најдете најразновидни намирници. Половина од вашата чинија нека изобилува со овошје и зеленчук со ниско ниво на скроб, а остатокот од чинијата нека ја сочинуваат протеински јадења и намирници богати со влакна.

Физичка активност

Колку и да е тешко, за подобро здравје едноставно мора да се вежба. Половина час пет дена во неделата се сосема доволни за здравјето на срцето да го одржите на ниво.

Прекинете со пушење

Застрашувачки е податокот дека лицата кои се зависници од тутун, умираат од 13 до 14 години порано пред непушачите. Значи, пушењето за три пати повеќе го зголемува ризикот од добивање на некоја срцева болест, а со само тоа и ризикот од прерана смрт.

Намалете го стресот

Стресот сам по себе е доста опасен за човековото здравје, но тој може да биде директен причинител за лошите навики кај луѓето, како што е немањето на желба за физичка активност и земање на преголеми количини на нездрава храна или дури алкохол.

Редуцирајте ја консумацијата на алкохол

Алкохолните пијалаци потребно е да ги консумирате со мерка. Кога зборуваме во контекст за превенција од срцеви заболувања, мажите никако не би смееле да земаат повеќе од две чашки алкохол во текот на денот, а на жените им е дозволена само една чашка.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.