Повторно не работат апарати за комјутерска томографија во ЈЗУ

251

По Институтот за Радиологија, во дефект и компјутерската томографија во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски. Болните повторно лутаат по здравствени установи за да го добијат неопходното снимање. На Рендген не функционираа и двата апарати од кои еден е поправен деновиве, за вториот надлежните започнале тендерска постапка и чекаат сигнал од советот за јавни набавки. Од Министерството за здравство потврдуваат дека во стара градска болница не работи главата за контраст на КТ и интензивно работеле на нејзина поправка. 113 пациенти кои имале закажани снимања во оваа установа биле префрлени во 8-ми септември, и дијагностичката процедура, според надлежните ќе ја добијат до 31 овој месец. Но во оваа болница, според информациите од менаџерскиот тим, и нивниот апарат е преоптоварен и работат турбо за да ги завршат сите пациенти. За 10 дена реализирале 920 снимања.

За да не дојде до долги листи на чекање, од ресорното министерство велат дека пациенитите ги префрлаат низ цела Македонија во зависност од општината од која доаѓаат. Незнаат кога апаратите ќе бидат во функција и колку тоа ќе се одрази врз здравјето на болните бидејќи оваа процедура во многу случаи е неопходна за поставување на точна дијагноза.

-Секторот за медицинска опрема во Министерството за здравство истражува зошто овој период толку често доаѓа до расипување на апаратите за комјутерска томографија. Дознаваме дека на многумина им било симптоматично на што се должи тоа – дали се работи за квалитетот на опремата, или пак во прашање е човечки фактор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.