Повозрасните лица треба умерено да консумираат месо и сирење!

Месото и сирењето во средни години се исто толку опасни како што се пушењето и никотинот на таа возраст, тврдат научниците. Во студијата биле вклучени 1000 мажи и жени постари од 50 години. Истражувањето покажало дека луѓето кои конзумирале повеќе животински протеини имаат двојно поголема можност пред време да умрат и четири пати поголема веројатност да добијат рак , како и пушачите.

Во истражувањето научниците откриле дека за тоа се виновни протеините кои се наоѓаат во месото , сирењето , јајцата и други производи од животинско потекло , со кои може да се развие рак и забрзано стареење . За постарите луѓе кои се во 50- тите или 60-тите години се препорачува конзумирање на протеини кои содржат риба, а од зеленчук да јадат грашок.

Научниците велат дека најдобар начин за да се избегне ризикот од рак е откажување од пушењето , одржување на нормална телесна тежина и умерено консумирање алкохол и физичката активност.

Месо и сирење може да се јаде само во умерени количини , како дел од здравата исхрана

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.