Повеќе од една година во Македонија не е направена трансплантација од починат донор!

134

Само бубрег од починат донор е спас за 45 годишниот Киро Христовски од Скопје да има нормален живот. Пред 4 години му откажале бубрезите и од тогаш 3 пати неделно по 5 саати е врзан за апаратите на дијализа. Поради ова Киро кој е татко на две ќерќи морал да ја напушти работата. Од блиските само мајка му можела да му даде орган, но нејзините бубрези биле оштетени од висок притисок.

-На мајка не и беа 100 проценти здрави бубрезите, и лекарите не се нафатија за да направат трансплантација. Сега останува за да може да се продолжи со нормален живот е трансплантацијата од кадавер, изјави за Сител Киро Христовски од Скопје.

Трансплантација од починат донор во Македонија не е направена повеќе од една година. Според тимот кој ги врши овие сложени операции немањето болнички координатор, несоодветните просторни услови во Центарот сместен на урологија и слабата кампања се само дел од причините за застојот на донирање органи од лица кои имале мозочна смрт.

 

За да се подигне свеста за донирање органи од здружението на бубрежно болни Нефрон бараат државата да им даде поволности на лицата кои ќе бидат хумани.

-Исто како и за крводарителите, изјави Душко Георѓиевки,од Нефрон.

Но, пред се  според експертите потребна е база на податоци на потенцијални донори и на пациенти на кои им се потребни бубрези за да имаат нормален живот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.