Посвоените деца во Македонија преку Фејсбук си го бараат потеклото!
Посвоените деца преку Фејсбук си ги бараат биолошките родители. Сегашниот закон за семејство не им дозволува преку институциите да си го откријат потеклото, па се почесто одлучуваат преку неколку групи на социјалните мрежи да дојдат до податоци за нивните вистински мајка, татко, браќа или сестри…
-Од мојата 13 годишна возраст сакам да ја дознаам вистината за моите билошки родители, од каде потекнувам? Зошто милион пати.. зошто баш јас сум оставена, какви се, што се, мислат ли на мене и така ред прашања…
Ова е само еден од многуте слични емотивни статуси на една од групите на Фејсбук. Можат да се прочитаат и обратни ситуации.
-Посвоен од Домот во Битола 19… година. Го бараат неговите браќа и сестри…
Засега многу малку посвоени деца или нивни блиски роднини имаат успех во потрагата.
За да не мора посвоените деца да молат на социјалните мрежи за информации за нивниот вистински идентитет од граѓанскиот сектор веќе подготвиле измени на законот за семејство со кој се предвидува овие лица да имаат увид во матичната книга на родени или друга евиденција за нивното потекло.
Од КЛИК Акција иницираат во законските измени посвоителите после одредена возраст да им соопштат на децата дека се посвоени. Сите овие измени ќе ги образложат и пред надлежните во министерството за труд и социјала.