Постењето го зајакнува имунитетот!

180

Три дена постење го регенерира целиот имунолошки систем во телото, а тоа е добро и за постарите луѓе. Ова го тврдат американски научници кои истражувањето го нарекуваат “чудесно”. Истражувањето сугерира дека гладот ги стимулира матичнте клетки да започнат да произведуваат нови бели крвни клетки (леукоцити), кои во телото се борат со инфекциите. Научниците го препорачуваат постот за оние чиј имунитет е ослабен а тоа се на пример пациентите со рак и хемотерапија. 72 часовниот пост кај нив ги неутрализира токсините и негативните ефекти од хемотерапијата.

Исто така, помага и кај постарите луѓе чиј имунитет е ослабен. Според инстражувањето, кога некој ќе изгладне, телото се обидува да ја зачува енергијата, а еден од начините е со рециклирање на имунолошките клетки кои не се потребни или се веќе оштетени. Научниците велат дека се потребни понатамошни истражувања а тешко болните пациенти при секое менување на режимот на исхрана да консултираат лекар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.