Последиците од алкохолот се уништуваат со кафе!

186

Неодамнешно истражување покажало дека кафето ги уништува штетните ефекти на алкохолот. Само една чаша е доволно за будење и добро распложение, а неколку чаши дневно може значително да го намалат нивото на ензими кои доведуваат до оштетување на црниот дроб . Покрај тоа, кафето има превентивни ефекти и кај срцевите болести и дијабетес, особено кај мажите.

Ова истражување го направиле група фински научници на примерок од 19.000 испитаници , во текот на 10 години. Резултатите покажале дека воведувањето на 280 грама на етанол неделно (околу 3,7 литри вино ), доведува до зголемување на нивото на ензимот GGT , што предизвикува заболување на црниот дроб. Редовното пиење на кафе, во малку поголеми количини ( 5 или повеќе чаши на ден), од друга страна , е поврзано со намалување на GGT ензимската активност за 50%.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.