После колку љубовни состаноци треба да имате секс?

Новото глобално истражување спроведено на 11 илјади луѓе и во дури 24 светски градови, најпосле донесе некои конкретни резултати за тоа после колку љубовни состаноци треба да се има секс, пишува хрватски Индекс.

Одговорот е 3,5. Имено, истражувањето откри дека најголемиот број луѓе со нов партнер првпат спијат меѓу третата и четвртата средба.

Еве уште некои занимливи откритија:

1. Десет отсто од луѓето сметаат дека е сосема нормално да се има секс на првата средба.

2. Двајцата би требало да престанат да се гледаат со други луѓе после шестата средба.

3. „Официјален партнер“ би требало да стане по деветата средба.

4. Вкупно 53 отсто од првите состаноци завршуваат со бакнеж, а 40 отсто со втора средба.

5. Секој десетти испитаник имал среба со својот шеф/шефица.

6. Од испитаниците 17 отсто имале врска со најдобриот пријател/пријателка, а секој петти со поранешниот/поранешната на пријателот.

7. Од испитаниците, 62 отсто откриле дека најдобри состаноци се со оние луѓе кои ги запознале преку свои пријатели.

8. Потребно се само 2-3 минути да знаете дали ќе има втора средба.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.