Поради што најчесто луѓето одлучуваат да ги остават цигарите?

Новото истражување покажа дека стравот од брчки кај жените и стравот од импотенција кај мажите се  главните причини за одлуката да престанат со пушењето. Иако цигарите предизвикуваат  многу поголеми здравствени ризици, како што е ризикот од рак или срцеви заболувања, луѓето обично не престанат со пушењето поради страв од смртта, туку поради суетата.Експерти се надеваат дека ова откритие ќе им помогне на дизајнерите да создадат ефикасни кутии цигари, бидејќи, и покрај огромните пораки и фотографии, многу пушачи се уште не се откажале од оваа штетна навика.

– Осум од десет пушачи сакаат да престанат. Затоа, содржината која сериозно ќе ја загрижи целната група би можеле да имаат најголем ефект. Ако се знае дека одреден бренд на цигари има специфична група на клиенти, како дами, ние би можеле да ги дизајнираме кутиите со нешто што директно влијае на нивниот страв. Го прават истото и рекламите – вели Брајан Вилијамс, професор на британскиот Универзитет Стирлинг.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.