Поради неуспехот на проектот “Добредојде бебе“ нови правила за пријавување на новороденчињата!
Поради малата заинтересираност за проектот “Добредојде бебе“ којшто Министерството за здравство го промовираше пред 5 месеци, ќе се воведува нова услуга од страна на Управата за водење на матичните книги.
Имено, од 1-ви јануари 2018 година секое дете родено во едно од петте родилишта на територија на Град Скопје ќе се пријавува само во скопското подрачно одделение на Матичната Служба, а не во општините каде што се наоѓаат здравствените институции. Изводот од матичната книга на родени ќе биде готов и ќе се издава во рок од пет дена.
Годинава територијата на главниот град биле родени точно 10.900 новороденчиња.