Пониските луѓе живеат подолго од повисоките!

204

Истражување направено на осум илјади мажи покажа дека пониските мажи се подолговечни, а најдолго живеаат мажите високи околу 155 сантиметри.

Во истражувањето на американските научници се заклучува дека нискиот раст можеби е поврзан со подолгиот живот и генот FOXO3. Ниските мажи исто така имаат пониско ниво на шеќер во крвта и помалку заболуваат од карцином, пишува „Дејли Мејл“.

Професорот Бредли Вилкокс, од Универзитетот на Хаваите, појасни дека мажите биле поделени во две групи, оние кои имаат 155 сантиметри и помалку и оние од 160 сантиметри повеќе.

– Што е поголема висината, животот е покус, тврди Вилкокс.

Студијата објавена во списанието „Plos One“ опфаќа повеќе од осум илјади мажи од Америка и Јапонија чии претци се родени меѓу 1900 и 1919 година. Начинот на живот и здравствените услови на мажите следени се во текот на годините. Првпат е потврдено дека големината на телото е поврзана со FOXO3 генот.

Околу 1200 мажи од студијата биле во нивните 90-ти години или биле околу стотата година од животот, а околу 250 се живи и денес. Слична студија е објавена во 2012 година и покажала исти резултати. Проучавани се мажите во Италија и Сардинија, а се утврди дека пониските живеат две години подолго. Студијата опфатила 500 мажи кои живееле меѓу 1866 и 1915 година.

Во животинскиот свет научниците веќе потврдиле ист образец. Помалите глувци, стаорци, пони и мајмуни живеат подолго. Пример, азискиот слон живее подолго од африканскиот, кој е поголем.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.