Подолг годишен одмор за работниците кои се непушачи!
Јапонската компанија „Плала Инк“ ќе им одобри на работниците непушачи дополнителни денови за годишен одмор откако се пожалиле дека работат повеќе од нивните колеги пушачи.
„Го прифативме предлогот на нашиот работник кој е непушач. Рече дека паузите на пушачите создаваат проблеми, со оглед на тоа што нашите канцеларии се на 29. кат од зградата во Токио, па секое одење на пауза трае 15 минути“, вели Хиротака Матсушима, портпарол на компанијата.
Тој додава дека 30 од 120 работници во компанијата веќе ги зеле тие шест дена одмор, а ги искористил и тој самиот бидејќи е непушач. Оваа одлука придонела четири работници да престанат со пушење.
Според СЗО, 21,7 отсто од Јапонците се пушачи, а процентот е поголем кај постарата популација.