Подмолна болест која тешко се открива – Кои се симптомите на мултиплекс склероза

214

– Мултиплекс склероза е невродегенеративно заболување и автоимуна болест која првенствено ја „напаѓа“ белата маса на централниот нервен систем.

Секој може да заболи од МС, но жените се двојно поподложни на оваа болест, а обично се открива на возраст од 15-60 гоини. Шансите да заболите од МС се поголеми ако во вашето семејство постои историја на оваа болест. Меѓутоа, ризик од оваа болест постои и ако сте активен пушач.

Во пораната фаза симптомите се појавуваат повремено.

Ова се главни симптоми кои јасно укажуваат на мултиплекс склероза:

Слабост и замор

Околу 80 отсто луѓе во раната фаза на МС константно се жалеле на слабост во мускулите, која обично почнувала во нозете, соопштило Здружението за МС. Вкочанетоста на нозете како и заморот се знаци кои исто така укажуваат на МС. Заморот се појавува ненадејно и трае со недели додека постепено не се намали.

Проблеми со видот

Доколку сте забележале дека видот ви е заматен, причина може да биде изложеноста на монитор или едноставно стареењето. Меѓутоа, заматениот вид или проблемите со видот се еден од првите знаци на МС, бидејќи оваа болест влијае на оптичките нерви во окото. Доколку забележате дека видот ви е заматен или дека имате чувство дека „сликата ви се дуплира“, обратете се кај лекар.

Болка и грчеви во мускулите

Луѓето кои страдаат од МС често се жалат на силни болки во нозете, грчеви и мускулна вкочанетост. Здружението за МС наведува дека 55 отсто луѓе заболени од оваа болест чувствуваат силни болки во нозете, како и дека овие болки ги имаат почесто жените отколку мажите.

Проблеми со бешиката

Честото уринирање и трчање до тоалетот не го препишувајте на староста, бидејќи тоа можат да бидат рани знаци на МС. Зачестеното уринирање, инконтиненцијата, недостатокот на сексуална желба се подмолни знаци на оваа болест.

Проблеми со помнењето

Бидејќи МС влијае на нервниот систем, проблемите со помнењето не се ретки. Можеби ќе имате проблеми со изговарањето на одредени зборови или помнењето на истите, со организацијата како и со помнењето на распоредот и состаноците… Меѓутоа, овој проблем не е толку голем за лицето заболено од МС да не може да функционира самостојно.

Ако се посомневате дека имате МС задолжително јавете се на својот лекар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.