Почна сезоната на колапси – Денеска четворица скопјани паднале на улица од топлото време

Почна сезоната на колапси, предупредуваат лекарите. Само денеска екипи на Брза помош интервенирале кај четворица скопјани кои колабирале на улица. Биле дехидрирани и ниеден од нив не е транспортиран во болница. За да ги избегнат ваквите ситуации од службата со совет до граѓаните при рака да имаат вода и да не шетаат без потреба. Наглото затоплување и промената на температурите е причината за паѓање во несвест.

-Сега наутро е ладно, потоа имаме високи температури и сите се дехидрирани. нема потреба да излегуваат кога е најтопло, вели др. Марија Анастасова од Брза Помош

Денеска мака мачат и пациентите со висок крвен притисок а зголемен број на јавувања во Брза Помош има и од астматичари на кои им пречат промените на временските услови.

-Примаат терапија и ако не можат да го регулираат притисокот, треба да побараат помош, вели Анастасова

Скопската Брза Помош регистрирала зголемен број на повици и интервенции од вообичанеите бројки, што според нив, секогаш е така кога има нагли промени на надворешната температура.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.