По очите може да се препознае кој обожава чоколадо!
По очите може да се препознае љубовта кон чоколадо. До ова откритие дошле од Универзитетот Дрексел. Во истражувањето користеле електроретинографија која го мери одговорот на мрежницата на светлината. Резултатите покажале дека ретината емитува многу силни сигнали кога лицето во устата има парче чоколада, исто како кога се изложени на силна светлина. Како што е познато, зениците се ширан при дејството на допамин – хормон на среќа во мозокот. Тоа е причината зошто кај дрогираните и заљубените зениците се поголеми. А сега е докажано и кај љубителите на чоколадо. Интересен податок за истражувачите е што реакцијата на очите на храна и лекови е монгу силна, дури помоќна и од реакцијата на силна светлина – затоа може да се каже дека во очите гледаме се.