Пo Европскиот конгрес за хирургија на рака во Берлин доктор Синоличка Џамбазова е поканет предавач и на Интернационалната ортопедска конференција во Лондон

Доктор Синоличка Џамбазова беше дел од последниот Европски конгрес за хирургија на рака (Берлин- Германија), каде рамо до рамо со најголемите стручњаци од оваа област во светот, учествуваше со своја презентација на нова оперативна техника.На едно место хирурзите за рака од целиот свет ги споделија своите искуства како и нови оперативни техники и пристапи.
-Со секој нов конгрес се воспоставуваат нови мостови на пријателство со најсовремените клинички центри во светот,а најголем бенефит имаат македонските пациенти пред се,поради брзо и точно поставени дијагнози и соодветен пристап, вели за samozdravje.mk доктор Синоличка Џамбазова.


Доктор Џамбазова е поканет предавач на Интернационалната ортопедска конференција (Лондон,Велика Британија) и на Интернационалната конференција за хирургија на рака и Микрохирургија (Луксор,Египет).

 

Коментари

коментари