По Европскиот конгрес доктор Синоличка Џамбазова е поканет предавач и на интернационалниот конгрес за микрохирургија на рака во Египет
Од 5 до 8 мај годинава доктор Синoличка Џамбазова беше поканет предавач на 14 Европски конгрес за Mикрохирургија кој се одржа во Белград, Р. Србија.
На едно место 570 врвни хирурзи од целиот свет (Америка, Јапонија, Египет, Канада, Бразил, Кувајт, Индија, Велика Британија, Чиле, Колумбија, Аргентина, Малезија, Израел, Швајцарија, Шведска, Турција, Германија, Финска, Холандија, Белгија…) ги споделија најновите оперативни пристапи, техники и сознанија од областа на микрохирургијата.
На д-р Синоличка Џамбазова и припадна честа заедно со 26 хирурзи од целиот свет да има публикувано поглавје со наслов DORSAL METACARPAL ARTERIAL FLAP во книгата “TECHNICAL TIPS AND TRICKS for Reconstructive Microsurgery how I do it”.
На претстојниот Европски конгрес за хирургија на рака кој ќе се одржи во Копенхаген (Данска), д-р Синоличка Џамбазова ќе има своја презентација за нова оперативна техника која се изведува на Клиниката за ортопедски болести, кај пациентите со Дипитренова контрактура (needle fasciotomy) – без хируршки рез, без сечење – со микрохируршка техника.
Д-р Џамбазова е поканет предавач на IX интернационален конгрес за хирургија за рака и микрохирургија кој ќе се одржи во Луксор, Египет во ноември 2018.