По 35 години, Ирците конечно изгласаа легализација на абортусот!

На референдумот во Ирска големо мнозинство од избирачите се изјасниле за либерализација на законот на абортус. Според прогнозите направени по налог на весникот „Ајриш Тајмс“, за либерализација гласале 68% од избирачите, додека против биле 32%. Инаку, со официјалното броење на гласовите се почнува денеска.

Владата на премиерот Лео Варадкар ги повика граѓанките со право на глас да се изјаснат околу исфрлањето на дополнителниот осми амандман во Уставот и со тоа да го отворат патот за полиберален закон за прекин на бременоста. „Од мене едно големо ДА“, напиша премиерот на Твитер по гласањето. Од воведувањето на осмиот амандман во странство биле извршени околу 170.000 абортуси, рече Варадкар во четвртокот за радиото Њусток. Референдумот, според него, е „шанса“ за цела една генерација.

Во католичка Ирска во сила е еден од најстрогите закони за прекин на бременост во ЕУ. Кој ќе го прекрши законот, соочен е со казна затвро до 14 години. Абортус во Ирска е забранет дури и по силување. Комисијата за човекови права на ОН во 2016 година ја критикуваше забраната за абортус како прекршување на меѓународните договори за човекови права и од ирската влада побара нејзина преработка.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.