Пијте го овој чај и ќе бидете слаби!

Црниот чај може да помага при слабеење, бидејќи го забрзува метаболизмот, но само ако се консумира без омилената состојка на Британците – млекото, пишува англиското издание на Дејли Меил (Daily Mail).
Досега беше откриено само дека црниот чај ги опушта крвните садови, што ја подобрува циркулацијата.

Новата студија покажа дека и црниот и зелениот чај помагаат за губење на тежината со намалување на нивото на цревните бактерии поврзани со дебелината, и зголемувањето на оние поврзани со слаба телесна маса.
„Познато беше дека полифенолите од зелениот чај се поефикасни и покорисни за здравјето, бидејќи се апсорбираат во крвта и ткивата подобро од полифенолите на црниот чај. Резултатите покажуваат дека црниот чај исто така придонесува за доброто здравје и слабеењето“, рече шефот на тимот од научници кој го направил истражувањето, професор Сузан Хенинг.

Истражувањето е направено со глувци, поделени во четири групи, подложени на различни диети – со малку масти, многу масти, многу јаглехидрати, многу јаглехидрати и екстракт од зелен чај и многу масти, јаглени хидрати и екстракт од црн чај.
Глувците кои добивале екстракт од чај, ослабеле колку и оние на диета со малку масти. Сепак, црниот чај го забрзал метаболизмот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.