Петта жртва во автобуската несреќа кај Лесковац – Во болницата во Ниш почина 64-годишна жена од Битола

Почина и втората тешко повредена патничка во автобуската сообраќајка кај Лесковац. Од Клиничкиот центар во Ниш за Сител потврдија дека 64 годишната пациентка која е од Битола починала вчера во попладневните часови. По две недели поминати на апарати за дишење состојбата и се влошила и не успеала да се избори со сериозните повреди на рбетниот столб. Таа е петта жртва од несреќата која се случи на 16ти овој месец во која на лице место починаа тројца патници а пред 8 дена почина жена која исто така била приклучена на респиратор. Во нишката болница имало уште четири повредени македонски државјани, но по стабилизирање на состојбата биле пуштени дома.
Покрај пациентите кои завршиле во Ниш, во несреќата полесно беа повредени 32 патници. Дел од нив ги хоспитализирале во болницата во Лесковац и по неколкудневен престој ги пуштиле на домашно лекување. Само еден од нив е транспортиран на Траума на скопските клиники каде ќе биде опериран по новогодишните празници.
Автобусот на компанијата Еуро бус од Струга чија крајна дестинација требало да биде Виена, во близина на Лесковац изгубил контрола и неколку пати се превртел. Истрагата треба да покаже дали возачот возел со голема брзина или, пак, друг автомобил кој сакал да го претекне е виновен за несреќата. Одговорите ќе ги даде српското обвинителство кое води истрага за случајот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.