Петличковски: Сите вакцини гарантираат стопроцентна заштита од смртен исход и тежок тек на болеста

54

„Сигурен 100% ефикасен третман се уште немаме, но имаме некои јасни ставови за тоа дека вакцинацијата е најдобриот пристап во справување со епидемијата“ – рече проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“

-Вакцини имаме на располагање, сите вакцини коишто се одобрени од СЗО и другите авторитети во огромен процент што некогаш се движи до 100%, штитат од тежок тек на болеста и тие се основните податоци што мора да ги имаме на ум кога размислуваме за тоа дали да се вакцинираме или да не се вакцинираме – кажа имунологот Петличковски.
Според професорот, тоа што во моментов имаме ниски бројки на заразени, не е доказ дека пандемијата е завршена. Во одредени земји кадешто има голем процент на покриеност со имунизација, вирусот има повторни обиди да се врати, можеби не со иста сила, но факт е дека со примена вакцина се исклучува можноста за тежок тек на болеста, истакна тој.
-Вестите и приказните за несаканите ефекти од разните видови на вакцини одеа циклично. Која вакцина ќе станеше достапна и популарна веднаш беше поврзувана со некои страшни приказни, многу од нив комплетно неосновани. Тие приказни се појавувале и ќе се појавуваат, не очекувам да застанат, но на овие милиони па и веќе милијарди покриени жители со вакцини, кога ќе ги сумираме бројките веќе гледаме дека станува збор за исклучително ретки случаи – кажа Петличковски.
Во однос на состојбата во која во моментов се наоѓаме, тој рече дека ова е ситуација која долго време ја очекувавме. Имаме мал притисок врз здравствениот систем, имаме вакцини на располагање и имаме доста сознанија од оваа година ипол поминати со пандемијата. Истражувањата и натаму продолжуваат во однос на тешко болните пациенти, смртните исходи, како и асимптоматските случаи.
На вчерашната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ покрај проф.Петличковски учествуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Националниот комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова и проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.