Пет знаци дека на вашиот организам му треба витамин Ц

Иако го има речиси насекаде, речиси во секое овошје и зеленчук, поради лошите животни навики и исхраната сиромашна со хранливи состојки, може да дојде до намалување на количината на витамин Ц во организмот, а тоа да доведе до појава на низа здравствени проблеми.

Овој витамин е од витална важност за нашиот имунитет, за здравјето на коските, а без него телото не може да ги прифати железото и одредени протеини.

Знаци дека ви недостасува витамин Ц:

1. Константно чувство на замор и исцрпеност.
2. Промени во расположението проследени со лутина и нервоза без причина.
3. Пад на имунитетот поради кој телото не може да се бори против вирусите и бактериите кои предизвикуваат инфекции и алергии.
4. Крвавење од непцата и промена на бојата на забите.
5. Појава на модрици без одредена причина.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.