Пет трикови за совршени трепки!
1. Рицинусово масло
Рицинусовото масло е одличен природен поттикнувач на раст за трепките, а можете да го користите и на веѓите исто така. Можете само со прсти или пак ако сакате со памукче да го аплицирате маслото од коренот кон врвот на трепките. Потребна ви е само по една капка на секое око.
2. Масирајте ги вашите капаци
Можеби на прв поглед изгледа чудно, но со нежна масажа на очните капаци во близина на коренот на трепките се забрзува растот на истите. Правете го тоа пред да легнете да спиете како дел од вашата рутина на чистење на лицето, и набргу ќе ги видите бенефитите од таа масажа.
3. База
Користењето на база пред да ја нанесете вашата омилена маскара е добро за одржувањето на здравјето на вашите трепки, но многумина не знаат дека таа воопшто постои. Нанесете ја базата на чисти трепки, потоа извиткајте ги трепките и нанесете ја маскарата. Добра база може да пронајде во Clinique, Blinc и MAC.
4. Виткач на трепки
Нема потреба да се плашите од виткачот на трепки, иако понекогаш наликува на некоја справа за мачење од 18 век, сепак е во целост безопасен и по неговата употреба има голема разлика кај вашите трепки.
За да постигнете поголем ефект, пред да ги извиткате трепките добро загрејте го со фенот.
Па ако досега не сте набавиле виткач на трепки, направете го тоа најбрзо што можете.
5. Одберете одлична маскара
За да одберете совршена за вас маскара, прво на нет прочитајте повеќе рецензии за различните брендови и видови на маскара.
Избегнете ги маскарите кои прават грутчиња и кои ги слепуваат трепките. Плус не заборавајте од време на време или пак при секое ставање да ја исчистите четката, и така ќе можете без проблем да го нанесувате својот омилен продукт.
Се надеваме дека ако ги искористите овие совети ќе добиете онакви трепки за кои отсекогаш сте сонувале.
И не заборавајте, да ја отстраните маскарата пред спиење.