Пет јавни здравствени установи добија сертификати за акредитација!

На пет јавни здравствени установи: клиниките за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, за детски болести, за нефрологија, Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и на Општата Болница Охрид денеска во Министерството за здравство им беа доделени сертификати за акредитација.

Директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, Анте Поповски рече дека тоа што им значи е поместувањето на разбирањето на концептот за квалитет.

– Дел од болниците не стекнуваат по првпат акредитација, но тоа не е помалку значајно, затоа што таму чекорот плус, поместувањето кое е направено е навистина значително. Имаме подобрување и акредитација стекната на една година, сега имаме установи кои се акредитирани на три години, каде има реална апликација на внатрешните процеси, реално подобрување во техничка и во организациска смисла кое најмногу ќе го почувствуваат пациентите, додаде Поповски.

Додаде дека клиниките за детски болести и за ендокринологија и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле се акредитирани на три години, додека на Општата болница Охрид и Клиниката за нефрологија акредитацијата им истекува после една година од денот на донесување на решението.

Акредитацијата во здравствените установи е најраспростанетиот механизам, што во светот се користи за унапредување на квалитетот на здравствената заштита, како и квалитетот на работата на здравствените установи. Со акредитација на сите здравствени установи ќе се добие ист или сличен квалитет на здравствените услуги во сите здравствени установи

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.