Педофилија, силување или проституција во случајот со 13 годишното девојче од Домот 25 мај?
Дали е педофилија, силување, трговија со луѓе или наметната сексуална злоупотреба причината за 13 годишно девојче од домот 25-ти Мај, пред неколку денови да биде принудено да абортира? Психолозите уверуваат дека од сите сегменти има во случајот кој ја разбранува јавноста а го обелодени Европскиот Центар за правата на Ромите. Велат дека на оваа возраст децата не можат самостојно да расудуваат и да донесат одлуки и затоа во домовите имаат старатели кои се грижат за нив.
-Не може на оваа возраст да донесат одлука дека ќе се занимаваат со проституција и дека таа одлука е за подобро да заработат. Тие одлуки не можат да бидат нивни лични, на 13 години немаат целосно изградена личност и немаат одбранбени механизми и затоа на таа возраст се под лична заштита. Ако како што се вели во овој случај имало полнолетни кои биле во сексуланиот чин…тогаш трерба да се одговара по сите точки, и сексуална злоупотреба и педофилија и силување, вели психологот Мирјана Јовановска Стојановска.
Психологот Стојановска вели дека и момчињата и девојчињата на 12 и 13 годишна возраст се во голема опасност бидејќи лесно можат да бидат заведени од повозрасни и да прават работи за кои и не се свесни колку може да им го загрозат животот. Смета дека за девојчетото од Домот 25 мај мора да се дознае целата вистина, а најдобро е тоа да го истражува независна комисија.
-Каков е случајот, што се случувало, мора целосен пристап и најдобро е тоа да биде некој независен за да се види дали има пропуст во системот или пак оние кои се грижат за тие деца, вели Стојановска
Од Министерството за труд и социјала најавија дека во понеделник ќе се знае кој ќе ја понесе одговорноста за случајот, за кој има две верзии – едната е дека било силувано, а според надлежните сомневања за проституција.
Девојчето е под психијатриска опсервација а о Европскиот центар за правата на Ромите најавија тужби против домот, центарот за социјални работи и министерството со кое раководи Мила Царовска.