Пациентот со западнонилска треска е во тешка состојба

Од Инфективна велат нема простор за паника

240

Пациентот заразен со западнонилска треска кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се наоѓа во тешка состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА Милена Стевановиќ, директор на Инфективната клиника.  Ова е прв случај на западно-нилска треска летово во државава, и е потврден лабораториски во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Стевановиќ информираше дека хоспитализираниот, на возраст од 66 години, веќе една недела е на лекување на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника, а болеста претходно му е дијагностицирана во ГОБ „8. Септемви“ во Скопје.

На  Инфективната клиника сезонава досега не регистрирале други сомнителни случаи од заразата  којашто е векторски пренослива преку комарци. Најчесто поминува како настинка, а кај  мал процент се манифестира со потешка клиничка слика.

Според Стевановиќ, нема простор за паника кај населението за кое остануваат главните препораки за заштита од комарци.

Покрај прскањето против комарци од страна на надлежните институции, како што вели Стевановиќ, и епидемиолошките и останатите служби  преземаат редовни и рутински активности за превенција и заштита.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.