Пациенти со рак со месеци чекаат Мој термин за мамографија

Иако раната дијагностика е клучна за успешно третирање на ракот на дојка, од невладината “Борка” реагираат дека летово пациентки со месеци чекале “Мој термин” за мамографија.
-“Борка“ реагираше до министерството за здравство да се направат измени во Мој термин, и да не чекаат долго пациентки кои мора да направат мамографија пред контролниот прегед. Се чекаше 3-4 месеци, изјави Биба Додева, претседател на Борка.
Освен за дијагностиката од здружението бараат на позитивната листа да бидат ставени современи лекови за метастатски карцином кои го продолжуваат животот на пациентите.
Инаку во Македонија годишно има по 1200 новооткриени случаи со рак на дојка. Бројката за една деценија е двојно зголемена. За подигнување на свеста за болеста во недела 10-ти пат по ред ќе се одржи манифестацијата “Напред розово”.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.