Пациенти од Радовиш и Берово ја загубија битката со коронавирусот во штипската модуларна болница

51

Две жртви од коронавирусот бележи денешниот болнички извештај на штипскиот Ковид центар. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека станува збор за пациенти од Радовиш и Берово на возраст од 64 и 88 години.

За разлика од минатите денови модуларната болница повторно се полни и е забележано раст на бројот на пациенти, каде денеска се лекуваат 42, од кои 28 се на кислородна поддршка.

Во оваа болница остануваат слободни само четири кревети. На Кожното одделение со полесна клиничка слика се осум пациенти. Во дневната амбуланта на Инфективното одделение, кое се реконструира забележано е дека на преглед се јавиле 51 пациент заразени со коронавирусот од целиот источен регион.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.