Паниката помина но стравот не – Македонија е ендемско подрачје за хеморагична треска!

255

Ситуацијата во гостиварскиот регион според здравствените власти е под контрола откако татко и син од Симница починаа од хеморагична треска Хантан. До вчера попладе завршиле со дератизација на целиот регион за да спречат ширење на заразата што ја пренесуваат глувци. Но епидемиолозите предупредуваат дека во земјата има повеќе ендемски подрачја и може овој период да има и новозаболени. Покрај мерките на надлежните внимателни треба да бидат и граѓаните. Задолжително мора да носат маски на лице кога чистат подруми и штали.

-Мора да ги преземат сит емерки за да не дојдат во контакт со излачувањата на глодарите. Во дворови да работат со ракавици и да носат маски бидејќи преку прашината може да влезат честички од нивните излачувања. Очите и устата, односно по респираторен пат е најчестиот начин на пренос на заразата, вели др. Гордана Кузмановска од ИЈЗ

До понеделник треба да бидат готови и резултатите за седуммината хоспитализирани на Инфективна, кои треба да покажат дали и тие заболеле од хеморагична треска со бубрежен синдорм. Нивната состојба е стабилна и се под лекарски надзор. Епидемиолозите велат дека оваа зараза може да помине и во многу лесна форма но и да заврши фатално.

-Тоа се зависи од типот на вирусот но и од здравствената состојба на заболениот, вели Кузмановска

Покрај следење на состојбата со зааболените и чистењето на гостиварскиот регион од глувци, не продолжуваат и политичките препукувања на оваа тема. И денеска ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерот Арбен Таеавари кој е на службено патување во САД.

-Денес сме овде пред министерството за здравство за да му дадеме совет на неспособниот министер Таравари дека кога во државата има сериозна ситуација, опасна болест за чие ширење тој лично е виновен, и кога заради неодговорноста на министерот се губат човечки животи, министерот треба да е тука а не да седи во Америка во луксузни платени хотели и да ни држи лекции и неинвентивно под притисок да филозофира, изјави Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

До понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на Агенцијата за храна и ветеринарство кои земаа примероци од вода, храна и млечни производи.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.