Овој сок ги топи килограмите!

Истражувањето направено на медицинскиот универзитет во Тајван покажува дека за да почнат да се намалуваат килограмите доволна е една чаша сок од домати во текот на денот.

Здрави жени помеѓу 20 и 30 години кои во текот на два месеци пиеле сок од домати, а притоа не ја менувале исхраната, изгубиле 2,5 сантиметри во обемот на половината. Им паднало и нивото на холестеролот, и тоа за 10 отсто. Истражувачите од кинескиот медицински универзитет во Тајван тврдат дека овој напиток би можел да биде клучен фактор во борбата со вишокот на килограми.

Сокот од домати е добар извор на ликопен, антиоксиданс што го намалува ризикот од рак и од срцеви заболувања. Интересно е дека има повеќе ликопен во кечапот и во сокот од домати отколку во свежиот зеленчук.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.