Овие симптоми претходат на мозочен удар!

435

Мозочен удар е нарушување на циркулацијата во мозокот што доведува до недоволно снабдување на мозокот со кислород и хранливи материи. Поради тоа настанува оштетување и изумирање на нервните клетки во погодените делови на мозокот што се манифестира со оштетување на функциите кои овие делови на мозокот ги управува.

За да не бидете дел од црната статистика (инвалидитет или смртен случај) важно е препознавање на симптомите кои предупредуваат на мозочен удар. Тие се минливи и одговараат на симптомите на мозочен удар, но се со многу пократко траење и целосно се повлекуваат по кратко време (секогаш симптомите траат помалку од 24 часа).

– Вкочанетост, слабост или парализа на лицето, раката или ногата, особено на едната страна од телото

– Нарушување на говорот: изговарање неразбирливи зборови, тотално неспособност за изговарање зборови и / или тешко и комплетно погрешно разбирање на говорот на друго лице

– Ненадејно замаглување или губење на видот, особено на едното око

– Ненадејна силна главоболка или повраќање без некоја очигледна причина

– Губење на рамнотежа поврзана со другите симптоми

– Вртоглавица , несигурност и паѓање

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.